Skip to main content
0

Промотивни производи
со твој печат

Откриј ја нашата палета на печатени и брендирани производи, дизајнирани да го претстават твојот бренд на вистински начин. Без разлика дали ти требаат визит-картички, флаери, пакување или уникатни подароци – кај нас добиваш квалитет, дизајн и прецизност на едно место. Избери производ и направи впечаток што трае.

Визит Картички

Професионален дизајн и печат на визит-картички што оставаат прв впечаток што се памети.

Флаери

Комбинираме модерен дизајн со прецизен печат за максимален визуелен ефект.

Постери

Изработка и печат на постери во различни формати (A3, A2, A1, B2) – со впечатлив дизајн и висококвалитетен финиш што се истакнува.

Каталози

Дизајн и печат на каталози што го раскажуваат вашиот бренд – уредно, визуелно привлечно и во формати по ваша мерка (A4, A5, landscape или custom).

Брошури

Професионално дизајнирани и печатени брошури – идеални за промоција на услуги, производи или настани. Достапни во различни формати и типови на свиткување.

Папки

Печатење на персонализирани папки – професионално решение за организирање и претставување документи.

Мениа

Печатење на висококвалитетни менија за ресторани, кафулиња и барови – достапни во различни формати, хартија и финиши (мат/сјајно ламинирани).

Тефтери

Персонализирани тефтери со уникатен дизајн – идеални за компании, настани или секојдневна употреба. Достапни во различни димензии, корици и поврзување.

Календари

Дизајн и печат на ѕидни, стоечки и персонализирани календари – практични, стилски и идеални за промоција или подарок.

Сертификати / Дипломи

Печатење на сертификати и дипломи со професионален изглед – на квалитетна хартија, со можност за персонализација и елегантен дизајн.

Книги

Печатење на книги во мали и големи тиражи – со тврд или мек повез, во боја или црно-бело. Квалитетен финиш и прецизен влез на секоја страница.

Покани

Печатење на покани на квалитетна хартија со различни текстури и финиши – совршени за секаков вид свечени настани.

Стикери

Персонализирани стикери во различни форми и димензии – отпорни, квалитетни и идеални за брендирање, пакување или декорација.

Рол Банери

Изработка и печат на рол банери со висок квалитет – преносливи, издржливи и совршени за настани, промоции и изложби. Вклучуваат механизам за лесно поставување и торба за носење.

Промо Пулт

Практични и лесни за монтажа, промо пултовите се идеално решение за презентации, дегустации и промотивни активности. Брз и ефикасен начин за да го истакнете вашиот бренд на лице место.

Меморандуми

Печатење на професионални меморандуми со брендиран дизајн – совршени за официјална комуникација, деловна кореспонденција и административна употреба.

Пликоа / Коверти

Печатење на коверти со персонализиран дизајн и лого – идеални за деловна кореспонденција, покани или промотивни материјали. Достапни во различни формати и стилови.

Испратници

Печатење на испратници со уреден распоред и јасна структура – погодни за следење на пратки, документи или производи во деловното работење.

Упатсва

Печатење на јасни и прецизни упатства, дизајнирани да ги водат корисниците чекор по чекор. Идеални за производи, уреди и услуги, со различни формати и финиши за максимална функционалност.

Декларации

Печатење на декларации со јасен и професионален изглед, со цел обезбедување важни информации и усогласеност со регулативите. Прилагодени по мерка според потребите на вашиот бизнис.

Рецепти

Печатење на рецепти и здравстени картони со јасен и прегледен дизајн – идеални за медицински установи, аптеки и лаборатории за лесно и прецизно запишување на препораки и третмани.

Знаменца

Изработка и печатење на знаменца по нарачка – идеални за настани, брендирање или декоративна употреба. Достапни во различни димензии, форми и материјали, со висококвалитетен печат.

Door Hanger

Флаери за врата со прилагоден дизајн – практични за промоции, известувања или хотелски услуги. Лесно се закачуваат и веднаш привлекуваат внимание.

Воблери

Печатење на воблери за промоции и акциски понуди – идеални за истакнување производи во продажни простори.

Текстил

Од маици до дуксери – печатиме на сè што се носи. Совршено за брендирање, настани или подароци со личен стил.

Канцеларија

Професионалниот изглед почнува од деталите. Брендирани пенкала, бележници, фасцикли и сè што му треба на твојот канцелариски имиџ.

Шолји / Термоси

Секое кафе зборува за тебе! Персонализирани шолји и термоси што го претставуваат твојот бренд – совршени за канцеларија, подароци или промоции.

Торби / Ќеси

Промовирај паметно и практично. Брендирани еко-ќеси, ранци и торби – функционални, стилски и со твоето лого на вистинското место.

Технологија

Модерен бренд заслужува модерен рекламен материјал. USB мемории, полначи, слушалки и повеќе – сето тоа со твој печат.

Запалки

Брендирани запалки што оставаат впечаток – идеални за промоции, настани или ресторани и кафулиња.

Чадори

Брендирани чадори – практичен и елегантен рекламен материјал што го промовира твоето лого и на дожд и во сонце.

Рол Банери / Промо Пултови

Голем ефект за твојата промоција. Рол банери, пултови и сè што ти треба за видлива и професионална презентација.